Кризата во Кенија продолжува
9 јануари 2008Надежите за тоа доживеаја удар и поради тоа што претседателот Мваи Кибаки, иако предложи заедничка влада со опозицијата, веќе ја претстави половината од својот владин кабинет:
„Среќен сум што можам да ви го претставам делот на мојот кабинет. Потегот го презедов со намера да се сочуваат единството, мирот и напредокот на земјата„.
Претходно, лидерот на опозцијата Раила Одинга го одби предлогот за формирање влада на националното единство, а сега одбива и преговори со Кибаки:
„Ние нема да одиме во палатата на средба со господин Кибаки, зашто тој е илегално таму. Тоа го знае целиот свет. Значи со Кибаки нема да разговараме„.
Поради претставувањето на половината од новиот кабинет, во Кенија повторно избувнаа протести, посебно во тврдината на опозицијата Кисум и во некои квартови на главниот град Најроби.