1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кризата во Ербас се продлабочува

12 октомври 2006

По непријатната вест за доцнење со испораката на А380 за најмалку една година, што ќе предизвика огромни штети, падна и првата жртва и тоа од врвот, а се погласни се најавите и за намалување на бројката вработени . Шефот на компанијата Кристијан Стреиф поднесе оставка а на негово место дојде Луј Галуа кој најави ригорозни мерки на штедење

https://p.dw.com/p/AeKd
Фотографија: AP

Колкави ќе бидат штетите од кризата во Ербас засега никој со сигурност не може а и не сака да шпекулира. Компанијата е соочена со сериозен план за реструктуирање кој според најавите ќе има ефекти и на германска и на француска страна. Информациите во медиумите дека конзорциумот планира да ги продаде петте фабрики во Германија, кои вработуваат 6600 луѓе, беа веднаш демантирани од раководството на Ербас.

Германскиот сојузен министер за стопанство Михаел Глос вели дека германската страна ќе врши притисок планираните заштеди кај европскиот производител на авиони Ербас да бидат фер поделени меѓу двете земји. Новиот шеф на Ербас Луј Галуа денеска во погонот на претпријатието во Хамбург, врз кого француската страна ја префрла вината, треба да разговара за проблемите кај производството на новиот модел на најголем патнички авион во светот А 380.

Близок соработник на францускиот претседател Жак Ширак, кој денеска во Париз се среќава со германската канцеларка Ангела Меркел, изјави дека главната цел е да се корегираат структурните грешки кои се одговорни за проблемите со кои се соочува компанијата. Францускиот министер за економија Тиери Бретон изјави дека предложениот план за реструктуирање на комапнијата ќе и го врати приматот на светски лидер во оваа бранша. Тој енергично им се спротивстави на оние кои изјавуваат дека Ербас нема иднина. Кризата во европскиот конзорциум за производство на авиони, во кој акции има и Шпанија, ја предизвика застојот во испоралката на авионот од типот А 380. Неговата испорака, наместо оваа, ќе стартува најрано во почетокот на наредната година.