Кривична пријава против Меркел поради НСА-аферата
3 февруари 2014Германската влада е обвинета од групите за човекови права дека соработува со американскататајна служба НСА и дека ѝ доставува податоци. Освен тоа, Владата не прави сериозни напори за расчистување на скандалот со прислушување и надгледување, тврдат подносителите на кривичната пријава.
Во изјавата на Хаос Компјутер Клуб се вели: „Американските, британските и германските агенти во тајните служби и нивните претпоставени, германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезие, како и канцеларката Ангела Меркел, се обвинуваат за забранети разузнавачки дејности, како и пружање помош при повредувањето на личната сфера и опструкции во спроведувањето на правдата со тоа што толерираат и соработуваат со NSA и GCHQ.“
Главниот сојузен обвинител Харалд Ранге го проверува случајот, но досега нема отворено формална истражна постапка. Трите групи затоа сега бараат од Ранге „конечно да се поведе истрага“, а не само „да се вршат набљудувања“, соопштува Дигиталкариџ.
Меѓународната лига за човекови права ги повикува и сите граѓани и здруженија да се приклучат на кривичната пријава и „да и‘ дадат поддршка“.
Подносителите на кривичната пријава се залагаат во Германија како сведок да се појави Едвард Сноуден. За таа цел мора да му се пружи доволно заштита, меѓу другото и заштита „од киднапирање од страна на САД“, бараат групите.
Борците за човекови права укажуваат дека во Белгија и Франција има слични пријави. Тие сметаат дека има шанси со случајот да се занимава и Европскиот суд за човекови права.
Портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт, изјави дека нема да ја коментира кривичната пријава. Секој во Германија може да поднесе кривична пријава, рече денеска (3.02) Зајберт во Берлин.