1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крвав напад на израелска територија

7 март 2008

Во најкрвавиот напад на територијата на Израел по повеќе од една година, изведен во едно еврејско религиозно училиште, загинаа најмалку 8 лица. Нападот го извел вооружен Палестинец, преоблечен во ортодоксен Евреин.

https://p.dw.com/p/DKKl
Оружјето што го користел напаѓачотФотографија: AP

Напаѓачот, како што соопшти израелската полиција, бил вооружен со калашников и пиштол и пукал, според изјави на очевидци, цели десет минути. Офицер на израелската армија ги слушнал истрелите, побрзал во помош и го застрелал напаѓачот.

Полицијата, која прво стравуваше дека нападот го извеле повеќе лица, на крајот соопшти дека сепак станува збор само за еден атентатор.

За време на нападот во училиштето се наоѓале неколку стотици ученици на возраст меѓу 16 и 30 години . Раководителот на училиштето, Давид Шалем, изјави дека вкупниот број на ученици кои посетуваат настава во училиштето Меркас Харав е 500.

Инаку, нападот предизвика меѓународна осуда. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, порача дека постојаното насилство го поткопува мировниот процес на Блискиот Исток. Советот за безбедност, меѓутоа, не можеше да се согласи за осуда на нападот. Дипломати во Њујорк соопштија дека такво нешто спречила Либија.

Израел тврди дека нападот не е одмазднички

Израелскиот амбасадор во ОН, Дан Гилерман, не се согласи со тврдењата дека нападот е одмазда на палестинската радикална група Хамас за крватата израелска воена операција во палестинската област Газа, со која управува Хамас, а во која загинаа повеќе од 120 Палестинци: „ Нема одмазда . Ова не е приказна за одмазда. Овие луѓе го тероризираат Израел со години, извршуваат самоубиствени напади со години наназад. Она што се случува во Газа е терористичка организација која со пуч ја презема власта таму и ги држи сопствените луѓе како човечки штит и како жртви, притоа секојдневно ракетирајќи израелски градинки, училишта и приватни домови во обид да убие цивили“, рече Гилерман.

Појасот Газа се наоѓа под израелска блокада уште од минатото лето, кога Хамас насила ја презеде контролата над оваа палестинска автономна област. Наслението секојдневно се соочува со проблемот како да преживее. Според палестинскиот активист за човекови права Раџи Сурани , израелското однесување е неправедно: „Казнувате нација на начин кој нема преседан само поради една причина – овие луѓе го избраа Хамас и тоа е тоа‘