1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крвави безредија во Египет

10 октомври 2011

Најмалку 24 лица го загубија животот, а повеќе од 200 се повредени во судирите во главниот град на Египет. Тоа беа најжестоките судири по соборувањето на поранешниот претседател Хосни Мубарак, оценуваат експертите.

https://p.dw.com/p/12onE
Фотографија: AP

Египетскиот премиер Есам Шараф предупреди дека земјата е во „опасност“. Околу 2000 копти, христијани, прво мирно демонстрирале против муслиманските екстремисти, кои ги обвинуваат за опожарување на една коптска црква во јужната провинција Асуан пред еднаипол недела. Кусо по доаѓањето на демонстрантите пред зградата на државната телевизија, се случиле првите судири. Демонстрантите фрлале камења врз полицајците и војници, кои ја обезбедувале зградата и палеле автомобили. Силите за безбедност истрелале предупредувачки куршуми во воздух и употребиле солзавец за да ја растераат толпата. Според некои агенициски информации, оклопни возила на армијата навлегле меѓу насобраните граѓани и прегазиле некои од нив. Египетското воено раководство воведе полициски час во повеќе квартови на Каиро. Коптите христијани ја обвинуваат војската дека не зазема доволно јасна позиција против радикалните исламисти.

Автор: АТ/дв

Редактор: Е.М. Фиданоска