Крај на надежите за остварување на сонот!?
10 август 2006Работнички во Лил доживеа незгоден и тежок пораз кој никој не го поскауваше, а и не се надеваше, барем не по нерешените 0:0 по првиот дел. Францускиот преставник во вторите 45 минути обезбеди солидна предност за мирен реванш. Лил поведе со автоголот на Степановски во 60 минута. На 2:0 зголеми Бастос од пенал во 70. Конечниот резултат две минути подоцна го постави Фоверж
Тешка задача во реваншот го очекува и германскиот преставник во третото квалификациско коло, Хамбургер,кој на домашен терен против шпанската Осасуна одигра без голови. Арсенал во Загреб го прегази Динамо со 3:0. Црвена Звезда од гостувањето во Милано, се враќа со минимален пораз од 1:0 кој и дава надеж дека може да направи пресврт во реваншот. Бугарскиот Левски со синоќешната победа против Киево во Софија е на добар пат да биде првиот бугарски преставник во фазата по групи во најелитното натпреварување. Реванш натпреварите на програмата се за две недели