1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крајот на средната класа во Грција

Дафне Гратвол / Александар Методијев4 јануари 2013

Богатите Грци ги затвораат деловните објекти. Голем дел од населението е без работа или работи за двојно помала плата. Кој може заминува во странство. Поради економската криза и нејзините последици крвари средната класа.

https://p.dw.com/p/17D4m
Фотографија: DW/D.Grathwohl

Според податоците на грчкиот завод за статистика ЕЛСТАТ секој четврти жител на Грција е невработен. Невработеноста меѓу младите е уште поголема. Секоја втора млада личност е без работа. Поради големиот број невработени и намалувањето на платите, во многу тешка финансиска ситуација е средната класа во Грција.

Како и во многу јужноевропски земји, така и во Грција, голем број од становите и куќите се во приватна сопственост. Дури 80 проценти од Грците поседуваат недвижности – стан, куќа или, пак, деловен простор.

Griechenland Weihnachten in der Krise
Затвораме - тоа е секојдневие во трговските објекти во АтинаФотографија: DW/D. Grathwohl

Меѓутоа, многумина кираџии остануваат без работа и веќе не се во состојба да ги плаќаат кириите. Голем број од продавниците поради загубите во прометот се затвораат. Сопствениците на становите, пак, велат дека не можат да „јадат ѕидови“. Од и онака малите примања сега мораат да плаќаат и нов данок на недвижности. Во многу европски држави тоа веќе е вообичаен данок, додека во Грција тој е новина.

Урлике Дриснер, заменик-директор на Гете-институтот во Атина, вели дека многу Грци поради се’ поголемиот данок и помалите плати не можат да спојат крај со крај.

Griechenland Weihnachten in der Krise
Улрике ДриснерФотографија: DW/D. Grathwohl

„Еден градинар ми рече дека не знае како ќе живее натаму. Ми раскажа дека има две деца кои студираат и дека ниту самиот не знае како ќе ги школува. Освен тоа, цените во супермаркетите растат. Кога ќе го видите тоа, тогаш се прашувате – како луѓето себе си воопшто можат да си обезбедат нешто за јадење“, вели Дриснер.

Алпското млеко е поевтино од грчкото

Цените на продуктите често се поскапи отколку во Германија. Често грчките производи се поскапи отколку увезените. Алпското млеко е трипати поевтино отколку домашното, бидејќи големите домашни производители на млеко формираат картели и држат цена. На една страна се граѓаните кои страдаат поради мерките за штедење, а на друга страна на многу стабилни нозе се корупцијата и непотизмот.

Населението во Грција на секакви можни начини наоѓа патишта за да заштеди пари. Во парковите се’ почесто се одгледува зеленчук, а во речиси сите весници можат да се најдат упатства и текстови под наслов „Направи сам“. Социјалните лекарски ординации се грижат за болните и собираат храна за бебињата, а на големите градски улици се нуди дрво за огрев.

Vorrat am Milch und Windeln Soziale Praxis Ellinikon Athen MKI
Млеко и пелени за бебињата на родителите кои не можат да спојат крај со крајФотографија: DW/D. Grathwohl

„Минатата зима цената на нафтата за греење порасна за 40 проценти. Потоа првпат во Атина се почувствува мирис на огревно дрво. Луѓето не палеа оган само во камините, туку купуваа и метални печки. На ѕидовите правеа дупки за камини, за да можат да загреат барем една соба“, објаснува Улрике Дриснер.

Поради сето ова и не зачудува што се’ поголем број Грци сакаат подобро утро да најдат во странство.