1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Красниќи нокаутиран

29 септември 2005
https://p.dw.com/p/AekM

Не се оствари сонот на Луан Красниќи да стане светски првак во бокс во тешка категорија, како прв германски боксер по Макс Шмелинг. Синоќа во Хамбург Красниќи доживеа ноакут од шампионот во верзијата на ВБО, Американецот Лејмон Брустер, во 9-тата рунда. Красниќи и претходно, на крајот на 8-та рунда, практично веќе беше нокаутиран, но судијата одолговлекуваше и откако му изброја до 10 не ја прекина веднаш борбата, а гонгот го спаси германскиот боксер со потекло од Косово. Сепак, не за долго – во наредната рунда тој не го издржа налетот на Брустер, кој и самиот беше на работ на силите по извонредната борба со многу тешки удари на обете страни. Красниќи како да немаше трпение или од исцрпеност му падна концентрацијата, инаку до клучната осма рунда беше во предност на поени.

Борбата му беше посветена на Макс Шмелинг и се одржа на денот на 100-годишнината од неговото раѓање. Пред 75 години Шмелинг стана светски првак во тешка категорија по победата над Американецот Џек Шарки. Макс Шмелинг почина на 2-ри февруари годинава.

Зоран Јордановски