1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кралица меѓу суперкомпјутерите

Јудит Хартл/ Симе Недевски18 ноември 2012

На новата листа на 500 најбрзи компјутери на светот Јуквин е на 5. место. Џинот на истражувачкиот центар во Јилих во западна Германија е брз како 100.000 обични компјутери. И во состојба е да симулира речиси се’.

https://p.dw.com/p/16lEr
Фотографија: Forschungszentrum Jülich

Предходникот на Јуквин ( JUQUEEN ), Јуџин од 2009. година, беше во состојба да изврши билион операции во секунда. Тоа е т.н. пета-флоп. Јуџин сега успева да обработи 5 билиони операции во секунда, значи 5 пета-флопови. Наспроти тоа, благодарејќи на помалите процесори и подобрената енергетска ефикасност, Јуквин е 30% помал од предходникот. И научниците кои не работат во Истражувачкиот центар во Јилих можат да се служат со суперкомпјутерот за своите проекти и експерименти. „Истражувачите мораат да предадат научно барање и тоа барање треба да биде одобрено. Тоа е многу голема пречка, но на крајот научниците кои работат со Јуквин не мораат да плаќаат за неговото користење“, кажува професорот Томас Липерт, директор на Ценатарот за сперкопјутери во Јирлих.

Компјутер за се’

Важни области за употребата на Јуквин се, на пример, енергетската технологија, предвидување на развојот на климата или временските состојби, како и истражувањата во областа на здравството. „На пример, Јуквин во иднина треба да ни помогне визуелно да можеме да ги претставиме болестите на мозокот. И во областа на истражувањето на материјалот, Јуквин може да не‘ донесе до важни сознавања. Истото важи и за класичните симулациски области на астрономијата и физиката на елементарните честички“, наведува професорот Липерт.
Пред 3 години, нивниот најдобар компјутер имаше капацитет од „само“ еден пета-флоп. Липерт верува дека во иднината не чека уште поголем и побрз напредок во зголемувањето на капацитетот: „Наша цел е за 3 години да постигнеме капацитет од 50 до 100 пета-флопови. Во Америка истражувањето во таа област е понапредно. До крајот на десетлетието таму најверојатно ќе се достигне капацитет на компјутерите од 500 до 1000 пета-флопови“, рече Липерт, нагласувајќи дека таквите предвидување не мора да се сигурни.

Скромни експерти

Supercomputer Superrechner Jülich JUQEEN Europa 5 Petaflop
Фотографија: Forschungszentrum Jülich
Supercomputer Superrechner Jülich JUQEEN Europa 5 Petaflop
Фотографија: Forschungszentrum Jülich

Тој тврди дека моментално е можно да се зголеми работниот капацитет на компјутерот. Меѓутоа, треба да се биде внимателен: „Самото зголемување на капацитетот на компјутерот со паралелизација на процесорите е, според моето мислење, погрешен пат. Ние работиме на забрзување на одделни процесорски јадра “, објаснува професор Липерт.
Иако не би го употребил изразот „гордост“, професор Липерт тврди дека истражувачите од Центарот се среќни што имаат апарат кој е способен да работи со таква сила. Липерт не бил изненаден што нивниот суперкомпјутер Јуквин е на петото место на листата на најбрзи компјутери во светот: „Секако дека отприлика знаевме на кое место можеме да сметаме. Но, тоа не е мотивот за нашата работа. Ние го создадовме компјутерот за да можат научниците да служат со него на најдобар можен начин“, рече Липерт.