1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој ќе попушти?

13 декември 2006

И во Шпанија која се смета за рај за пушачите, оние коишто сакаат да уживаат во цигара, мора да излезат пред врата за да пушат. Истата слика е и во Италија, земја која се е пријателски настроена кон пушачите. Во поголемиот дел од земјите во ЕУ веќе одамна важи забрана за пушење на јавни места. Германија е една од ретките во кои може насекаде да се пуши без за тоа да бидете казнети. Но, се погласни се барањата ова

https://p.dw.com/p/Ac0z
Наскоро забрана за пушењето на јавни места?
Наскоро забрана за пушењето на јавни места?Фотографија: AP

�равило да се промени. Денеска на тема забрането пушење разговараат покраинските премиери и канцеларката Ангела Меркел. Засега има различни предлози каде се пушењето да биде забрането. Што ќе се прифати на крајот од сегашните предлози, пишува Марсел Фирстенау.

Познатиот германски шансониер Рајнхард Меј пее: добра ноќ пријатели, време е да си одам, она што имам уште да го кажам трае колку една цигара и ....”

Да се испуши уште една цигара пред одење и со тоа да се заокружи вечерта - во таквата расположение кон средината на минатата недела се најдоа експертите на владеачките партии на Унијата и на СПД во Бундестагот. По неколкумесечните натегања се чинеше дека е на дофат забрана за пушење во јавни установи, училишта и ресторани во целата земја - да не се пријавија за збор сомничавите од министерствата за внатрешни работи и правда. Нивниот битен приговор гласи: Сојузната држава може да презема мерки во нејзините згради и установи, но не и во училиштата и рестораните - за тоа се надлежни покраините.

Токму поради фактот дека и покраините имаат право да кажат некој збор по ова прашање, не е доволна само неодамна постигнатата согласност на владино ниво. За предлог законот има многу различни мислења. За да се спаси она што можеби и не може да се спаси во дебатата се вклучи и канцеларката Меркел. Таа денеска ги собра покраинските премиери. Не се знае дали тие ќе постигнат некакво заедничко решение. Скепсата е основана, како што произлегува и од изјавата на владиниот портпарол Томас Штег пред средбата:

“Во првичните реакции од покраините доаѓаат различни мислења“

Покраините Рајнланд Фалц и Саарланд не сакаат законска регулација на забраната за пушење во гостилниците и се залагаат за нејзина доброволна примена. Долна Саксонија и Тиринген доброволната примена на законот ја гледаат вака: до март 2008 во 90% од рестораните најмалку половина од местата да се резервирани за непушачи. Северна Рајна Вестфалија настојува да се воведе генерална забрана за пушење, но не во баровите и кафулињата. Кој ќе успее да се снајде во сета оваа мешаница треба да биде награден. Сите надежи се свртени кон Ангела Меркел.


“Ако на крајот е можно да се постигне единствено решение со кое во сите 16 земји ќе се регулира заштитата на непушачите, канцеларката ќе го поздрави тоа”.

Но, ако на крајот секој си прави како што сака, ќе биде како и во песната.

“Она што уште би сакал да го кажам, трае уште една цигара и една чашка од нога”, пее шансониерот Рајнхард Меј.