1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој ќе победи во Охајо, победува на изборите во САД

Ралф Зина / Жана Ацеска5 ноември 2012

Кратко пред претседателските избори во САД, шансите на актуелниот претседател Обама растат. Според анкетите, тој води во веројатно клучните држави Охајо и Флорида. Последиците од ураганот „Сенди“ доминираат во кампањата.

https://p.dw.com/p/16cms
Фотографија: AP

Во своето последно неделно радио и интернет-обраќање пред претседателските избори на 6. ноември, Барак Обама беше сосем конкретен:

„Секој кој се‘ уште е во акутна опасност, може телефонски да се обрати на Службата за заштита од катастрофи Фема или да се информира преку интернет страницата на американската влада“.

Обама се наоѓа под притисок. Се‘уште околу 40 милиони луѓе на источниот брег на САД се без електрична енергија, и тоа на ноќни температури околу нулата.

„Овој викенд милиони Американци се‘ уште се борат со последиците на еден од најстрашните урагани во нашата историја“, истакна Обама.

USA US Wahl 2012 Wahlkampf 04.11.
Барак Обама речиси се „пресели“ во ОхајоФотографија: Reuters

Во многу места недостига вода, пред бензинските пумпи се формираат долги редици. Нема доволно бензин, како ни нафта за агрегаторите, зашто бензинските пумпи или немаат електрична струја или нивните танкери со гориво се празни. Гувернерот на Њу Џерси Крис Кристи поради тоа итно нареди рационализација на продажбата на бензинот во 12 региони:

„Обновата е долг и тежок процес, зашто ураганот кој е исклучителен во историјата на нашата земја, имаше уништувачка сила“, образложи Кристи.

Овој познат републиканец изминатата недела предизвика огромен публицитет со своите пофалби на, според него, извонредниот кризен менаџмент на Барак Обама. Американскиот претседател пак, го спомена републиканскиот гувернер во своето неделно обраќање. Пустошот по ураганот што тој и Кристи заедно го виделе во Њу Џерси, му го скршило срцето, рече Обама.

USA US Wahl 2012 Wahlkampf 04.11.
Мит Ромни самоуверено изјави: „Охајо ќе ми помогне да станам претседател на САД.“Фотографија: EMMANUEL DUNAND/AFP/Getty Images

Американскиот претседател е во постојан контакт преку телефонска конференција со гувернерите на Њу Џерси, Конектикат и Њујорк заради координирањето на кризните мерки. Бројни гласачки места по ураганот „Сенди“ се или уништени, или без струја, па ќе се гласа во воени возила и шатори.

Обама и неговиот републикански противкандидат Мит Ромни овие последни денови ги користат за изборни собири во сојузните држави Пенсилванија и Охајо, каде избирачкото тело го менува расположението. Мит Ромни самоуверено изјави:

„Охајо ќе ми помогне да станам претседател на САД.“

Иако, факт е дека Ромни во најважната, сојузна држава, со најбројно население, веќе со денови заостанува според анкетите зад Обама и тоа за три до шест проценти. А никогаш никој не станал претседател на САД без да победи во Охајо. Затоа Обама оваа држава пред изборите во вторник ја претвори речиси во свое второ седиште и средиште на изборните собири, според девизата: оној кој ќе победи во Охајо, ги добива изборите.