Кој ќе биде прв?
19 мај 2007Со победа дома против Котбус, првпат по 1992 година Штутгарт повторно ќе биде првак. За тренерот Армин Фе водството на табелата не е посебен притисок и тој се обидува да остане смирен... колку што е можно:
„Имавме притисок целата сезона. Значи ова сега не е посебна ситуација. Го загубивме првиот натрпевар против Нирнберг и – бевме веднаш под притисок. Потоа притисокот се префрли врз освојувањето на третото место. Сега можеме да бидеме први – и повторно притисок„.
И како на Штутгарт тоа да не му е доволно, притиска вториот на табелата Шалке кој се уште се надева дека може да биде прв: Ако Штутгарт не победи против Котбус, а Шалке го направи тоа против Билефелд, тогаш титулата за екипата на тренерот Мирко Сломка повторно е актуелна. Таква е и тактиката:
„Со резултат колку што е можно побргу, да вршиме притисок врз Штутгарт. Но, ќе биде тешко и тоа го знаеме сите. Екипата ќе даде се од себе во овој натпревар„.
Се ќе мора да даде и третиот Вердер. Тој ја пропушти шансата за титулата во минатото коло, и сега може да се надева само на тоа да биде втор, што значи сигурно место за лигата на шампионите. Менаџерот Клаус Алофс:
„Светот нема да се промени сеедно дали ќе бидеме втори или трети. Но, не се менува ништо и во тоа дека тоа го посакуваме. Би било неодговорно да не се искористи таква шанса, ако Шалке уште еднаш потфрли„.
Претпоставка за тоа е Вердер да го победи Волфсбург, екипа која во минатата недела го обезбеди опстанокот. Другите денешни натпревари, помалку или повеќе ќе бидат „за публика„.
Во Штутгарт во меѓувреме, се е подготвено за големото славје. Со последниот свиреж на судијата околу 17 часот и 15 минути ќе биде познато се’!