1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој со кого преговара во Либија?

Elizabeta Milosevska-Fidanoska11 јули 2011

Меѓу членките на НАТО се наѕираат разлики во ставот кон можните решенија за либиската криза. Кој за што е?

https://p.dw.com/p/11sr0
Фотографија: DW-TV

Францускиот министер за одбрана Жерар Лонге јавно им советуваше на либиските бунтовници да преговараат со власта на Моамер ел Гадафи за изнаоѓање решение, а не да чекаат тој прво да се повлече од власта. Бунтовниците ја одбиваат таа опција и бараат повлекување на Гадафи како основен предуслов за преговори. Американскиот Стејт департмент, во меѓувреме, реагираше на изјавите на Лонге и порача дека либискиот народ е тој кој треба да реши како ќе изгледа преносот на власта. Официјален Вашингтон и понатаму смета дека Гадафи не треба да остане на власт. Синот на Гадафи Саиф ал Ислам за еден алжирски весник изјави дека либиската влада преговара со француската. Тој нагласува дека францускиот претседател Никола Саркози ветил оти ќе ги поттикне бутновниците на прекин на борбите, доколку се најде компромисно решение.

Автор: ГЧ/дв

Редактор: Борис Георгиевски