1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој се бори против кого во Јужен Судан?

Јута Швенгсбиер / Симе Недевски/дпа22 декември 2013

Најновиот бран насилство во мултиетничкиот Јужен Судан предизвика страв од граѓанска војна. ОН и САД веќе апелираа за прекин на конфликтот. Етничкото насилство за малубројниот народ Мурли со години е сурова реалност.

https://p.dw.com/p/1Aeny
Фотографија: Reuters

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун повика за прекин на насилствата во Јужен Судан и апелираше до сите страни да постигнат договор за политичко решавање на кризата.

Бан ги повика претседателот на Јужен Судан, Салва Кир, и поранешниот заменик-претседател Рик Машар да седнат на преговарачката маса и да пронајдат политичко решение за ситуацијата. Слична порака упати и американскиот претседател Барак Обама, и најави дека САД ќе испратат свој пратеник, кој ќе посредува во решавање на кризата во мултиетничката земја. Во меѓувреме етничкото насилство во земјата продолжува, а меѓу жртвите се и припадниците на народот Мурли.

Во изминатите години многу припадници на овој народ, кои главно се занимаваат со сточарство, беа приморани поради етничко чистење да ја напуштат земјата на своите предци во јужносуданската држава Џонглеј. Нив во Јужен Судан ги има околу 130.000. Тие во главниот град Џуба секоја недела се собираат во една мала црква.

Во неа редовно доаѓа и 70-годишниот Јакоб Катинја, кој вели дека побегнал непосредно пред масакарот во градот Пибор Пост во Џонглеј. Според извештаите, таму се убиени околу 3.000 луѓе. За злосторството се обвинети припадниците на двете најголеми етнички групи од Јужен Судан, Динка и Нуер. Катинја, кој е во народното собрание Мурли, и другите членови на заедницата зборуваат за тешките страдања на народот. Оние постарите сѐ уште добро се сеќаваат на почетоците на конфликтот. „Конфликтите меѓу народите Нуер и Мурли започнаа во 1962. година. Нуер и тогаш прв пат нападнаа, за да украдат добиток. Оттогаш наште млади се борат и едни на други им крадат добиток“, вели Катинја.

Südsudan Staatskrise
Фотографија: Jutta Schwengsbier

Политика и племиња

Борбата за добиток со која младите ја докажувале својата храброст, со текот на годините станала сѐ покрвава. Не само Мури и соседите Нуер, туку и останатите 60 етнички групи во земјата влегуваат во сѐ пожестоки борби поради добиток и земја за која се верува дека е богата со природни ресурси.

Südsudan Flüchtlinge 18.12.2013
Фотографија: picture-alliance/dpa

И моментално двата главни ривали во борба за власт во Јужен Судан припаѓаат на различни етнички групи, кои уште во времето на граѓанската војна во деведесетите години крваво се пресметувале. Претседателот Салва Кир припаѓа на народот Динка, највлијателниот и најбројниот народ во Јужен Судан.

Неговиот глевен противник и поранешен заменик Рик Машар е Нуер, припадник на нешто помалубројниот народ, кој исто така е силно застапен во јужносуданските безбедносни сили.

Африканскиот известувач од Друштвото за загрозени народи Урлих Делиус се плаши оти актуелната криза во државата би можела многу брзо да прерасне во етничко насилство во целата земја.

„Во изминатите денови веќе имаше напади врз припадници на Нуерите. Постојат и други извешати од Џонглеј, според кои имало напади и врз Мурли“, објаснува Делиус.

Јакоб Катинја и самиот бил сведок на таквата ескалација на насилство. По завршувањето на граѓанската војна, која на крајот доведе до прогласување на незвисност на Јужен Судан во 2011. година, нападите на Мурли стануваат сѐ позачестени. „Во 2007. година Нуер за првпат убиваат и жени и постари луѓе и ги грабаат или убиваат нашите деца“, вели Катинја. Тој е убеден оти зад нападите стои владата во која решавачки збор имаат припадниците на народите Динка и Нуер. „Владата сака да ги протера Мурли од регионот“.

Од кражба на говеда до етничко чистење

Според податоците на организацијата „Хјуман рајтс воч“, само во последната година од Џонглеј избегале околу 85.000 луѓе. Наместо на цивилното население да му обезбедат сигурност, војниците на народите Динка и Нуер учествуваа во програмата против Мурли, се наведува во извештајот на организацијата за заштита на човекови права.

Lou Nuer Soldat im Südsudan
Фотографија: Camille Lepage/AFP/Getty Images

Од Пибор Поста во Џуби бил приморан да бега и Нјеи Карок Колитук. Тој вели дека племенската поделеност е најголем проблем во Јужен Судан. И Колитук смета дека неговиот народ е жртва на ситематската кампања на етничко чистење. „Сакаат да непротераат, за да го поделат меѓусебно богатсвото во земјата“, смета Колитук. Порано, кога во Џонглеј луѓето меѓусебно краделе добиток, децата не биле грабани и не биле убивани жени и стари лица. „Сега ги убиваат и граѓаните кои воопшто немаат добиток. Тоа значи дека постои една друга агенда“, верува Нјеи Карок Колитук.