1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој против кого на СП во Бразил?

Јенс Крепела/Б. Георгиевски5 декември 2013

Кој против кого на Светското првенство во Бразил? Тоа ќе биде одлучено на жрепката за групната фаза в петок (06.12.2013). ФИФА усвои прецизни методи за процесот

https://p.dw.com/p/1ATTP
Фотографија: VANDERLEI ALMEIDA/AFP/Getty Images

Јасно е дека на германската репрезентација и се заканува „група на смртта“ на извлекувањето на групите за Мундијалот во бразилскиот резорт Коста до Сауипе. На избраниците на Јоаким Лев уште во групната фаза им се закануваат противници од типот на големите ривали Холандија, четирикратни светски прваци Италија, Франција или Англија. Тоа стана јасно откако ФИФА ги претстави четирите барабани за жрепката.

Осумте рангирани тимови во првиот барабан се домаќинот Бразил и седумте водечки тимови според ранг-листата на ФИФА за октомври- Шпанија, Германија, Аргентина, Колумбија, Белгија, Швајцарија и Уругвај. Трите преостанати барабани беа профилирани според регионалните и спортските фактори. Но има еден невообичаен избори: во третиот барабан се наоѓаат 9 европски селекции. Во пресрет на жрепката, еден европски тим ќе биде префрлен во вториот барабан и на тој начин сите ќе имаат по 8 екипи.

Германската репрезентација може да се најде во група со Италија, Брегот Слонова коска и САД. Релативно полесна би била групата со Босна и Херцеговина, Алжир и Хондурас, што е исто така можност.

„Нема да пребираме. Немаме посакувани противници. Секогаш кога Германија оди на турнирот целта е максимален успех“, вели селекторот Лев.

Во вториот барабан се репрезентациите на Чиле, Еквадор, Алжир, Брегот Слонова коска, Гана, Камерун и Нигерија. Во третиот: Австралија, Иран, Јапонија, Јужна Кореја, Костарика, Хондурас, Мексико и САД. Конечно, во последниот барабан се Холандија, Италија, Англија, Португалија, Грција, БиХ, Хрватска, Русија и Франција.

Brasilien Bildung Proteste
Протести во БразилФотографија: Y.Chiba/AFP/GettyImages

Најавени нови протести

Организаторите на Мундијалот се надеваат дека со жрепката ќе ја зголемат возбудата во пресрет на турнирот. Но, во исто време, противниците на првенството најавија нови протести. Како што се случи и за време на Купот на конфедерациите, незадоволството на граѓаните поради социјалните проблеми, корупцијата и економските потешкотии се манифестираат на улиците. Жрепката и самото првенство подоцна се платформа за незадоволните да ги истакнат проблемите во бразилското општество.

Но протестите не се единствениот проблем за организаторите во Бразил. Јуни е веќе на прагот а стадионите во Сао Паоло, Натал, Порто Алегре и Чуиаба се уште не се готови. Докрај не се подготвени ниту арените во Манаус и Коритиба.