1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој е шефот на израелскиот генералштаб Дан Халуц?

3 август 2006

„Цел на нашата сегашна акција е да го истребиме Хезболах. Затоа не е можно да се биде со штоперка во рацете„. Шефот на израелскиот генералштаб Дан Халуц точно знае што сака и многу јасно ги формулира волјата, желбите и намерите. 58-годишниот Халуц е првиот командант на воздухопловството што стана шеф на генералштабот.

https://p.dw.com/p/Adz2
Дан Халуц:Спијам мирно!
Дан Халуц:Спијам мирно!Фотографија: AP

Дан Халуц во поседниве денови трипати беше на испитување во болница. Се пожалил дека има болки во стомакот и оти лошо се чувствува. Израелските медиуми шпекулираа дека генералот кој надворешно изгледа смирено, не можел да го издржи притисокот. Слабост? Тоа едонставно не прилега на Дан Халуц, бившиот шеф на военото воздухопловство, кој постојано е во фокусот со неговите спорни изјави. Така, во едно интервју за израелскиот весник „Хаарец„ во 2002 година изјави дека чувствува само лесно треперење во крилата на неговиот борбен авион кога фрла бомби. На своите пилоти им препорача да спијат спокојно и тогаш кога во нападите погодиле цивили. Не се тие оние што избираат цели и не носат никаква договорност за грешките. И тој ужива во мирен сон:

„Јас реков дека спијам мирно зашто сум убеден во оправданоста на нашите акции. Процесите на решавање течат одлично. Ние преземаме големи напори за да ги исполниме нашите задачи, на една страна, а од друга, да не погодиме невини„.

Неговите изјави предизвикаа остра контроверза околу прашањето дали тој е соодветната личност за местот шеф на генералштабот. Политологот од Еруслаим Јарон Езрахи тогаш за германското радио изјави дека Халуц е нечувствителен и неодговорен:

„Мислам дека Евреите, по она што го доживеаја во Втората светска војна и потоа кога ја формираа државата Израел, не смеат да си дозволат да имаат армија водена од луѓе кои немаат скоро никаков цивилен, човечки и морален сензбилитет кон цивилното население. Не можеме тоа да си го дозволиме, зашто ако се случи нешто такво, тогаш тоа значи дека не сме научиле ништо од минатото„.

Сепак, Халуц, и покрај протестите, стана шеф на генералштабот, меѓу другото, благодарение на тесните пријателски врски со тогашниот израелски премиер Ариел Шарон и неговиот син Омри.

Халуц го ценат во круговите на безбедносниот естаблишмент. Гиора Ром, поранешен борбен пилот и поранешен шеф на еврејската агенција, ја фали халуцовата способност да ги обедини потчинетите и неговото длабоко разбирање на технологијата. Исто така:

„Располага со богато борбено искуство. Доаѓа од практиката. Сигурно зад себе има 300 до 400 летови над подрачјето на непријателот, леташе во напади и водеше воздушни битки по секакво време. Учел врз сопствениот грб. Освен тоа е скромен и полага посебно внимание врз моралот„.

Во последниве денови Дан Халуц воопшто не делува скромно. На големиот број прес-конференции настапува како самоуверен војсководец кој самиот ги формулира воените цели и му одговара само на премиерот:

„Мораме да ја промениме сегашната ситуација. Не можеме да се вратиме на истата состојба. Не можеме да дозволиме границата да бида граница на тероризмот,пограничните места да бидат загрозувани од тероризам, а цивилите во Јужен Либан да бидат затвореници на терориститчката организација Хезболах„.

Сепак, критичарите на Халуц не молчат. Познатиот мировен активист Ури Авнери во еден жесток коментар напиша:„Дан Халуц во учебниците по историја нема да влезе како еден од големите војсководачи. Како како стратег, така и како командант, неговата оценка е блиску до нула„.