1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој е Ратан Тата?

27 март 2008

Пари никогаш не му недостигале. Потекнува од влијателно семејство во Индија и растел во голема вила во индиската метропла Бомбај.

https://p.dw.com/p/DVPW
Сега сите зборуваат за него: шефот на Тата-груп, Ратан ТатаФотографија: AP

Сепак останал скромен: за време на студиите по архитектура во САД, покрај другото вистина миел и садови. Потоа веднаш се враќа во земјата и со 24 години, во 1962 година, влегува во семејниот концерн што го основал неговиот прадедо Џамсети Тата. Најнапред ја води фирмата ќерка Нешенал радио енд Електроникс компани Лимитид, кусо Нелко, а во 1981 година станал шеф на управниот одбор на Тата индастрис. Десет години подоцна го презема целиот Тата концерн. Тоа за него во прв ред значи да ја глобализира фирмата. Кога седнува на шефовската фотелја, Тата Груп има само пет проценти промет во странство. Во меѓувреме, тој изнесува две третини. Ратан Тата го остварува и својот сон: со автомобилот „Нано„ на пазарот се појави најефтиниот во светот – 100 илјади рупии, односно илјада и 700 евра. И покрај успесите, харизматичниот милијардер го продолжува непретенциозниот начин на живот: го избегнува таканаречното нобл друштво во Бомбај и порадо станува рано наутро за да биде точен на работа. Негова фирма за пример е Тојота. А, за потезите што ги влече во светот на бизнисот вели:

„Историјата еднаш ги просуди дали бевме храбри или луди„.