Кој е на фотографијата?
22 ноември 2010Реклама
23-годишниот Аргентинец втора година по ред е прогласен за најдобар фудбалер во светот. Напаѓачот на Барселона овојпат победи во трката за престижната титула пред неговите клупски колеги Андрес Ињеста и Чави. Како се вика освојувачот на „Златната топка“ на ФИФА за 2010 година?
Одговорите можете да ги испраќате на адреса: macedoni-quiz@dw-world.de
Награда за претходното прашање
Точниот одговор што го баравме минатата недела гласи Вевчани. Добивме 122 точни одговори, а добитник на наградата ДВД - „Најдоброто од Германија“ е Мартин Каровски од Штип