Кој е на фотографијата?
11 октомври 2010Реклама
Тој е без сомнение најпознатиот фудбалер во светот. Бразилската најпопуларна личност деновиве наполни 70 години. Во Бразил многумина сакаат да ги следат неговите чекори - модерните фудбалери како Кака, Робињо, кои веќе одамна заработуваат милиони евра во големите стадиони ширум светот, но исто така и оние кои играат фудбал во сиромашните бразилски квартови. Бразилците и денес го нарекуваат „кралот на фудбалот“.
Одговорите можете да ги испраќате на адреса: macedoni-quiz@dw-world.de
Награда за претходното прашање
Одговор на претходното прашање: Кој е на фотографијата?, е Милчо Манчевски.
Добивме 161 точни одговори, а добитник на чадор и анти стрес топче со логото на DW е Мартина Стефановска од Тетово.