1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој е на фотографијата?

9 август 2010
https://p.dw.com/p/OfTJ
Фотографија: dpa

Со натпреварот меѓу Бајерн и Реал Мадрид, фудбалскиот клуб од Минхен минатата недела дефинитивно се збогува со легендарниот играч, тренер и клупски претседател. Поради неговите заслуги за клубот, но и за Германија, тој уште во играчките денови го доби прекарот „кајзер“ или „цар“.

Тој како играч освои се` што можеше да се освои, на клупски и на репрезентативен план.

„Кајзерот“ играше во клубовите Бајерн Минхен, со кој ги постигна најголемите успеси, потоа Космос од Њујорк и Хамбургер. По завршувањето на играчката кариера го пополни празното место како сојузен селектор на Германија.

Одговорите можете да ги испраќате на адреса: macedoni-quiz@dw-world.de

Награда за претходното прашање

Одговор на претходното прашање: Кој е на фотографијата?, е Наоми Кемпбел.

Добивме 229 точни одговори, а добитник на козметичко огледало и маус-пед со логото на DW е Анастасија Кујунџиќ.