Кој е на фотографијата?
5 мај 2009Тој е тренер на тимот на Волфсбург. По натпреварот на неговиот клуб против Хофенхајм за прв пат навести дека титулата е на дофат: „Нашата програма до крајот на првенството е слична како и на Баерн. Но, ние имаме три бода предност, водечки сме на табелата и сите мораат да чекаат на наш кикс, инаку никој не може да не помине“.
Tренерот на водечкиот тим во наредната сезона ќе се пресели во Шалке, каде треба да биде и тренер и менаџер, токму како и во Волфсбург.
Погодете, Ве очекува награда.
Точниот одговор на претходното прашање е: Георг Фридрих Хендел. Името на еден од најпознатите германски и светски композитори на опери и ораториуми го погодија 48 корисници.
Среќен добитник на книга за учење германски јазик во издание на Дојче веле и Институтот „Гете“ е: Билјана Битолкоска.