1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој ги шие топките за светското првенство?

6 јуни 2006

750 шавови за една топка, работно време од три до четири часови, доколку се посебно брзи четири топки на ден, 60 центи заработка од парче. Ова накратко се податоците за производството на фудбалските топки во Пакистан. Доколку станува збор за познати марки како Најки, Адидас или Пума, една топка во САД или Европа се продава и над 100 евра. Заработката се разира завршува во џебот на големите меѓународни компании, а

https://p.dw.com/p/AeLe
Фотографија: DW-TV

�елумно и кај нивните партнери во Пакистан. Работниците кои ги шијат топките уште сега се губитници на светското првенство во фудбал

Топката е тркалезна, а играта трае три до четири часови. Така е барем за шивачите на топки во Саилкот, Пакистан. Тоа е сериозна игра. Станува збор за преживување, а не за разонода. Околу 80% од фудбалските топки кои се произведуваат во светот доаѓаат од погонот на овој индустриски центар во североисточен Пакистан. Големите светски фирми како Најки или Адидас своите топки ги шијат во Сиалкот или Вазирабад кој се наоѓа во непосредна близина. Една нивна топка во европските продавници чини меѓу 90 и 190 евра. Мукамад Недаин, еден од работниците кој по 14 часови дневно шие топки, заработува нешто повеќе од половина евро по топка. Малку сметање: Надин е брз, понекогаш ќе направи и по пет топки на ден и ќе заработи вкупно 3 евра. За играње фудбал тој нема ниту време ниту воља:

„ Јас сум Мухамад Надин и не играм фудбал. Немам време за тоа. Јас заработувам пари од топките. Шијам и шијам. Наутро станувам во ест часот, дома се враќам дури доцна навечер. Цел ден шијам. Тоа исцрпува„

Вели Надин кој работи во погоните на Сага. Во фабриката има добри работни услови, објаснува Муктар Ахмед Тахир, учител од Сиалкот:

„ Сага е еден од поголемите производители во Сиалкот кој е центар на пакистанската индустрија на за спортски производи. Топките на Сага се користат и на светското првенство, тие се изработуваат за ФИФА. Овдешните услови за работа се добри, тоа се одлични работни места. На друго место е многу полошо„

Откако во јавноста беа објавени извештаите за искористување на луѓето во погоните кои работат за Најки или Адидас, тие се преуредени во оддели со посебен степен на безбедност. Влезот за странците е невозможен. На работниците им е забрането да разговараат со новинарите. Условите за работа често се невозможни. Посебно во погоните за штавење на кожата, каде децата со голи раце ја штават кожата. Откако меѓународните концерни забранија децата да се вработуваат во шивалните, заради лошиот имиџ кој тоа им го носи, детската работна сила е префрлена во затскриени делови од погоните.