Коштуница: Престојните преговори ќе бидат пресвртница
23 септември 2007Реклама
Српскиот премиер Воислав Коштувница денеска оцени дека престојните директни преговори меѓу Белград и Приштина во Њујорк би можеле да бидат клучниот момент за донесување одлука на меѓународната заедница, дека идното уредување на Косово и Метохија мора да биде во согласност со меѓународното право и да биде решено исклучиво во Советот за безбедност на ОН. Кошуница и наведе и дека Србија на овие најважни разговори до сега ќе биде застапена на највиско ниво.