Коштуница: новиот предлог на Ишингер неприфатлив
18 ноември 2007Реклама
Српскиот премиер Воислав Коштуница изјави дека Србија нема да го прифати новиот предлог на ЕУ претставникот во Тројката, Волфганг Ишингер за неутрален статус на Косово. Според него тоа е само поинакво име за независност. Коштуница оцени дека е време меѓународните претставници за предложат решение со кое ќе се почитува територијалниот суверенитет на Србија. Српскиот премиер нагласи и дека ако резултатот на преговорите е однапред одреден и гласи дека Косово на овој и оној начин ќе добие независност, тогаш треба да се очекува и соодветен одговор од Србија која нема да се откаже од 15% од својата територија.