1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Коштуница бара прием на СЦГ во ЕУ

24 март 2004
https://p.dw.com/p/AcOg

Премиерот на Србија, Воислав Коштуница, се изјасни за кантонизација на Косово, за да се обезбедат правата на луѓето кои живеат во покраината. Коштуница, во разговорите со високиот претставник на Еу за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана и претседателот на Европската комисија, Романо Проди, во Брисел, рече дека има намера конечно да ги стави во функција заедничките државни институции на Србија и Црна Гора. Проди и Солана ветија поддршка на натамошното приближување на Белград кон ЕУ, но притоа бараат соработка со судот во Ден Хаг. Во интервју за БиБиСи, Коштуница, околу соработката со судот за воени злосторства, изјави:

”Немаме никакви докази дека генерал Ратко Младиќ се наоѓа во Србија. Такви се резултатите на истрагата на српската влада. Тоа е наша обврска, но има толку многу телефонски повици, погрешни телефонски повици досега, како и информации од типот дека генерал Младиќ е дури и во Белград и дека се шета низ градот, но досега се покажа дека сите информации се погрешни.”

Соработката со Хашкиот трибунал е условот и за приклучување на земјата кон Партнерството за мир, изјави генералниот секретар на НАТО, Јап Де Хоп Шефер, по средбата со Коштуница.

Што се однесува до приближувањето до ЕУ, српскиот премиер, е убеден:

”Мислам дека актуелните членки на ЕУ се свесни за неопходноста од приклучување на Србија кон ЕУ. Тоа е работа на прагматизам, а не само на ентузијазам. Факт е дека без Србија и Црна Гора во унијата, во Европа ќе има голема црна дупка. Голем нејзин дел нема да биде во унијата.