Косовски хакери нападнаа 40-тина српски сајтови
14 април 2013Група хакери која себеси се претставува како „Kosova Warriors Group“, собори изутрината десетици српски сајтови, јавуваат медуимите во Србија. Напаѓачите преку насловните страници на нападнатите сајтови го поставиле албанското знаме и текст во кој се наведува дека „Србија, Русија, Кина и Грција тајно ја прифатиле независноста на Косово“. Во прогласот се предвидува „претопување на сегашните граници“ заради настанување на „Голема Албанија“.
На крајот на текстот се наведува „Алах е голем“ и „Поздрав од Косово“. Косовските хакери на својата фејсбук страница поставиле линк кој содржи листа со соборените српски интернет сајтови.
Меѓу нападнатите се главно интернет страниците на српски уметници и нивни здруженија, но и сајтот www.mitropolija.com . Нападнат е и сајтот на Здружението на стрип уметници на Србија usus.org.rs, сајтот за фантастичка книжевност Art-Anima.com и.т.н.