Косовските Срби на митинг во Белград
10 мај 2013Косовските Срби одбиваат да го прифатат договорот потпишан меѓу премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, со кој се предвидува нормализација на односите меѓу двете земји. Тие оценуваат дека договорот ги става под власт на Приштина. Претставниците на Србите од северот на Косово ги повикаа граѓаните да дојдат на собирот, за кој тврдат дека е непартиски.
Пратеникот на Демократската партија на Србија и еден од лидерите на косовските Срби, Марко Јакшиќ, претходно соопшти дека митингот на Плоштадот на Републиката почнува во 12:44 часот, што ја симболизира Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН за Косово.
Српскиот премиер Ивица Дачиќ пред два дена изрази уверување дека планот за имплементација на договорот за нормализација на односите на Белград и Приштина ќе биде завршен за седум до десет дена. Според Дачиќ, во втората половина на мај би требало да продолжи дијалогот со Приштина на највисоко ниво.