Косово – преговарачка тројка
11 август 2007Реклама
Преговарачката тројка на Контакт групата денеска во Приштина води разговори со највиските претставници на косовските Албанци, УНМИК и КФОР околу идниот статус на Косово. Тројката што ја сочинуваат претставниците на ЕУ, САД и Русија, Волфганг Ишингер, Френк Визнер и Александар Боцан Харченко, во недела ќе има средба и со претставници на косовските Срби. Меѓународните преговарачи во Приштина доаѓаат по посетата на Белград каде дадоа уверување дека ќе направат се‘ за да се пронајде решение за идниот статус на Косово, кое ќе биде прифатливо за сите страни.