1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Корупцијата - жешко досие за Македонија

27 јули 2010

Европската унија дводневниот состанок за надворешни работи им го посветува на Исланд, Косово и местото на Унијата на глобална сцена. Македонија не беше на дневниот ред. За земјата ќе се разговара денеска.

https://p.dw.com/p/OVLn

На агенда на ЕУ вчера се најдоа: почетокот на преговори со Исланд и отоврањето на долго очекуваниот сервис за надворешна акција. Тој е важен дел од Лисабонскот договор, кој конечно ќе стапи на сила и би требало да и’ овозможи на ЕУ поефикасно да ги координира надворешните работи и да ја зајакне својата улога на глобалната сцена. Но, зацвртсувањето на надворешната улога на ЕУ ќе биде макотрпна работа се’ додека постојат големи разлики за чувствителни прашања помеѓу 27-те земји членки. Најеклатантен пример за европската разединетост е Косово. Сепак, единствената работа за која сите членки на Унијата се согласуваат е дека сите проблеми можат да се решат преку перспективата за прием во семејството.

Тоа е и заедничка став на ЕУ, затоа Унијата е подготвена да биде медијатор помеѓу Белград и Приштина, рече Кетрин Ештон: „Јас на Белград и на Приштина им порачав дека нивната иднина се наоѓа во ЕУ и дека мора да се воспостави дијалог. Мојата понуда е на маса, се надевам дека ќе прифатат да почнат. Треба да разговараме како ќе напредуваме кон ЕУ.“

Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ

На европската агенда вчера немаше место за Македонија, освен во контекст на разговорите за можна поделба на Косово во иднина. За европерспективите на Скопје ќе се разовара денес (27.07.10) доцна попладне. Забелешките се веќе добро познати. Најжешко досие е корупцијата. Загрижуваат конфликите на интерес, перењето пари, и законот за финансирање на политичките партии. Политичкиот дијалог е на незавидно ниво. За спорот за името се очекува да пристигнат дополнителни охрабрувања за земјата.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема