1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Tschechien

Данко Хандрик/ Симе Недевски18 август 2012

Туристичко разгледување на корупциски знаменитости?! Звучи неверојатно, но во Прага тоа е секојдневие. Туристичката агенција „Корупт Турс“ на уникатен начин профитира од бројните корупциските скандали во градот.

https://p.dw.com/p/15YaW
Фотографија: www.corrupttour.com

На прв поглед се’ изгледа како туристичко разгледување на градот, какви во Прага има илјадници. А тогаш водичката Марабела раскажува за историјата на прашката градска управа, чијa зграда е продаденa за смешна цена на една фирма, а потоа повторно и’ е издадена под наем за огромни пари.

„Како што гледате, овој објект го заслужува нашето внимание. Нашата управа не е овде многу долго, но сепак ова е симбол на корупција. Би било штета кога би се разрешило прашањето на сопственост. Во тој случај овој вистински споменик на корупцијата повеќе не би постоел.“, објаснува Марабела, водичка во туристичка агенција „Корупт Турс“.

Градската куќа- прва станица на „Корупт турс“

Touristenmagnet Prag - Rathaus
Градската куќа на ПрагаФотографија: picture-alliance/dpa/dpaweb

А потоа се’ се одвива како во Зоолошка градина, како кога се посетуваат лавовите. Градската куќа е отворена за сите, па и за водичите и туристите од агенцијата „Корупт Турс“. Се минува низ ходникот покрај канцелариите на градската администрација. Детално се информира зад која врата е направен кој „дил“, каде мириса на мито, кој каде проневерил милиони евра и притоа се збогатил.
Никој во Градската куќа не сака да одговори на обвинувањата. Вратите се затвораат молскавично, кога „Корупт Турс“ е во обиколка.
Марабела информира дека во Чешка може многу да се види во текот на овие туристички обиколки од посебен вид. Бидејќи како што вели таа, Чесите се прваци во земање мито. „Корупт Турс“ не мора да се грижи дека ќе снема содржини за туристички обиколки на градот.

Растечки трошоци поради корупција

Korruption Tour in Prag
Водичите на „Корупт Турс“Фотографија: www.corrupttour.com

Тунелскиот комплекс Бланка. Веќе и самата цена на изградба, која изнесува милијарда евра, мириса на корупција. И покрај тоа трошоците растат и тоа за стотици милиони евра.
Изведувачот на објектот за толкави пари е во состојба да си дозволи дури и портпарол. Франтишек Полак е секогаш на лице место кога е во посета „Корупт Турс“.

„Се’ ова ми е чудно. Овде всушност се искривуваат фактите. „Корупт Турс“ во 10 минути не е во состојба да ви објасни се’.“,  вели портпаролот на градежното претпријатие „Метрослав“, Франтишек Полак
„Што овде не може да се објасни? Како функционира корупцијата?“, прашуваат туристите.
„Мислам дека би требало да сме потемелни. Постојат и други причини. Да е во прашање само корупција, работите би биле многу поедноставни.“, одговара Полак.

Туристичка обиколка „Корупт Турс“ нуди и на германски и на англиски јазик. Агенцијата не може да се пожали дека нема работа.
„Многу сме задоволни од тоа како се’ функционира. Не се плашиме за работата бидејќи растот на корупцијата во Чешка е стабилен. Мислам дека нашата туристичка агенција и во иднина ќе работи многу успешно.“, вели водичот на германски јазик на „Корупт Турс“.

Корупцијата цвета а со тоа и бизнисот на „Корупт Турс“

Korruption Tour in Prag
Водичите на „Корупт Турс“Фотографија: www.corrupttour.com

На студенти по даночно право од Германија тој  им објаснува кои се’ чешки политичари завршиле во затвор поради корупција а кои се се’ уште на слобода. Се минува покрај извонредно скапи вили и автомобили. Во колкава мерка корупцијата тука е составен дел од секојдневието е нешто што ги шокира и германските експерти.

„Ако добро го разбрав водичот, за чешкиот народ корупцијата е нормална состојба. Тоа е така и  никој не се возбудува поради тоа. За мене тоа е многу вознемирувачко.“, вели Бернд Јунге, правен експерт од Германија на туристичка обиколка низ Прага
Корупцијата како составен дел од секојдневието е претставена низ иронична насмевка. Иронијата притоа го погодува и Брисел. Бидејќи пари за многу од овие проекти гордо уплаќала цела Европска Унија. „Корупт Турс“ се радува на тоа, бидејќи туризмот базиран на претставување на корупцијата, како и самата корупција во Чешка се бизниси кои цветаат.
Само на крајот од обиколката на прашките споменици на корупцијата имаше мала непријатност. Возачот не можеше да го стартува автобусот. На крајот туристите мораа да му помогнат.