1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Коридорот 8 остана без европска поддршка

22 април 2004

Европскиот парламент вчера дефинитивно ги утврди ориентациите на Европската Унија за развој на трансевропската транспортна инфраструктура, само една недела по согласноста дадена од Советот на министрите за транспорт на земјите членки на Унијата

https://p.dw.com/p/AeRW

Станува збор за 30 проекти, кои се карактеризирани како проекти од “европски интерес” и кои заедно претставуваат една колосална инвестиција од околу 225 милијарди € до 2020 година. Главната цел на овие големи инфраструктурни трансевропски проекти е да се засили економскиот развој и функционирањето на Европската Унија.

Притоа, проектите кои се однесуваа на земјите од Западен Балкан останаа заборавени. Ова и покрај инсистирањето на работната група предводена од Kарел ван Мирт, поранешниот еврокомесар задолжен за конкуренција, kоја меѓу приоритетните инфраструктурни проекти ги имаше наведено автопатот “Љубљана –Загреб – Белград – Скопје –Солун” и автопатот “Будимпешта – Сараево – Плоче”, kако и уште неколку други проекти кои би ги приближиле овие земји до европските пазари. Во финалната листа, која ќе бидe финансирана со концентрација од европските фондови, сепак не се најде ниту еден од овие проекти. Приоритетни станаа појужните и поисточните коридори на Балканот. Така, Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора се заобиколени и тие ќе останат тесно грло во Европа. Европската Унија повеќе сакаше да ги стави на приоритетната листа автопатите : “Виа Игнациа”, “Патрас – Солун”, потоа трасата “Софиа – Кулата”, доносно бугарско – грчката граница, како и автопатот “Надлац – Сибиу” кон Букурешт и Констанца.

Меѓи приоритетните инфраструктури за железничката мрежа на Балканот е потврдена трасата меѓу Грција и Бугарија. А Грција успева исто така да ги стави како приоритетни и железничките врски меѓу “Кожани – Калачбака – Игуменица” и “Јанина – Антирио – Рио – Каламата”. Значи ништо од Коридорите за кои досега се залагаа македонските власти.

Со други зборови, за Европската Унија во моментов во Југо-Источна Европа е приоритетно развивањето на транспортните инфраструктури кои се однесуваат на земјите кои ќе станат членки при идниот бран на проширување, односно Романија и Бугарија. Другите ќе мораат да причекаат.