1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конјунктурниот пакет за Обама е главната задача

Полерт Ридигер10 февруари 2009

Американскиот претседател Барак Обама на првата вечерва прес-конференција зборуваше за неопходноста од носењето на конјуктурниот пакет тежок 800 милијарди. Тој е на добар пат да успее.

https://p.dw.com/p/Gqls
Барак Обама на пат пат кон првата прес-конференцијаФотографија: AP

Американскиот претседател Барак Обама на неговата прва вечерна прес-конференција одговараше на прашања на новинарите, но неговите одговори беа насочени кон жителите на неговата земја и парламентарците од двата дома на Конгресот. Обама се обидува да стори се` за конечно да стапи во сила неговиот конјуктурен пакет. Тој го поздрави пзоитивниот сигнал од сенатот кој најави поддршка. Поттикнат од последните анкети кои покажуваат дека тој ужива симпатии кај 67% од Американците, тој нагласи дека претстои итна задача за да биде запрена надолната спирала. Обама смета дека на потрошувачите треба да им се дадат пари и повторно да се овозможи функционирање на кредитниот пазар. Тоа значи поттикнување на инвестициите што ќе донесе нови вработувања и долгорочен развој“, рече Обама.

Нема намалување на даноците

Конјуктурниот пакет е вреден околу 800 милијарди долари. Тој беше поднесен во двата дома на конгресот, каде сеуште постојат разлики околу одредени негови делови. Републиканците на пример имаат забелешки во делот на даночните олеснувања и државните задачи. Обама направи големи напори во конјуктурниот пакет да ги вклучи и републиканците. Меѓутоа досега тој доби поддршка само од тројца нивни пратеници. Тој дури им понуди можност да учествуваат во подготовката на конјуктурниот пакет, меѓутоа истовремено го отфрли барањето за намалување на даноците: „Во услови кога приватниот сектор поради рецесијата е силно погоден, само владините мерки можат да дадат поттик за заживување на економијата“, нагласи Обама.

Обама верува во преговори со Иран

Американскиот претседател сака преку јавни инвестиции да ја репарира оштетената сообраќајна инфраструктура, да се изградат насипи и да се намали енергетската побарувачка во земјата. Истовремено, тој денеска ќе побара од парламентот да го ослободи вториот дел од финансискиот пакет за санација на банкарскиот сектор вреден 350 милијарди долари. На прес-конференцијата тој зборуваше за малку други прашања. Во однос на Иран, Обама смета дека и покрај негодувањата и критиките постојат надежи дека може да дојде до преговори меѓу претставници на двете влади. Обама исто така не сакаше да изнесе детали околу временскиот план за војната во Авганистан. Но истовремено тој нагласи дека граничниот појас меѓу Пакистан и Авганистан повеќе нема да може да остане прибежиште на Ал Каеда.

Symbolbild Obama Iran
Обама верува дека се можни преговори со ИранФотографија: AP / DW

Потпис до крајот на неделава!?

Ова беше прв пат некој американски претседател по само 20 дена од доаѓањето на функцијата да одржи ваква вечерна прес-конференција. Тоа јасно ја покажува неговата решеност да и се спротивстави на економската криза со сите средства. Согласноста на сенатот, додуша со тесно мнозинство покажува дека пакетот на Обама е на добар пат. Меѓутоа сеуште треба да се надминат уште некои препреки. Сега треба од двата различни предлога на сенатот и претставничкиот дом да произлезе еден заеднички пакет што нема да биде само формалност. Обама се надева дека законскиот предлог и конјуктурниот пакет со негов потпис ќе може да стапи на сила до крајот на неделава.