1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Конференција„ за холокаустот во Техеран

12 декември 2006

Придружувана од меѓународни критики, вчера во Техеран започна дводневна конференција посветена на холокаустот. Спорната манифестација ја иницираше иранскиот претседател Ахмадинеџад кој убивањето на милиони Евреи во Втората светска војна го оцени ккао мит. На средбата би требало да се побара одговор на прашањето дали холокаустот се случил. Експертите уште пред почетокот на конференцијата укажаа дека в

https://p.dw.com/p/Adv0
„Историчарите„ на конференцијата во Техеран
„Историчарите„ на конференцијата во ТехеранФотографија: AP

� овој случај станува збор за чисто пропагандна манифестација.

За негаторите на холокаустот на овој свет, за обскурните самонаречени научници од крајната десница на политичката сцена, ова беше празник. На пример, за Американецот Дејвид Дјук, поранешен член на Кју Клукс Клан, и позната фигура меѓу белите расисти во САД:

„Скандал е што за ова нема никаква слободна дебата во Европа и за тоа луѓето се фрлаат во затвор. Мислам дека холокаустот политички се користи„.

Во Техеран сега може да се каже се што на пример, во Германија е забрането: имено, дека холокаустот не се случил или дека уништувањето на Евреите не се случило во таков обем.

Иранската влада за тоа ги понуди најдобрите услови. 67 меѓународни „експерти„ од 30 држави, велат организаторите на манифестацијата, се сместени во гостинската зграда на министерството за надворешни работи. Се дискутира за прашања како „гасни комори – негирање или потврдување„? Претседателот Ахмадинеџад го испрати министерот за надворешни работи Манухер Мотаки лично да одржи говор на отворањето:

Западот, рече Мотаки, како во политиката така и во интерпретацијата на историјата за себе ја зема доминацијата. Оваа едностраност мора да се спречи и да се одговори на две прашања што веќе ги постави Ахмадинеџад: прво, дали холокаустот воопшто се случил и второ, ако да, зошто тогаш научниците не смеат да поставуваат никакви прашања?

Како „компетентни експерти„ се поканети луѓе како на пример Фредерик Тебен. Потекнува од Германија, а живее во Австралија и веќе бил 9 месеци во затвор во Манјхајм поради потпалувачки говори и патува со модел на гасна комора од Аушвиц низ светот за да покаже дека масовното убивање дури ни технички не било изводливо.

Од сојузната држава Њујорк допатува ортодоксниот рабин Дејвид Фелдман кој и припаѓа на организацијата „Обединети Евреи против ционизмот„. На неговата визит-карта пишува:„Молете се за мирно уништување на државата Израел„. Тој вели дека иако и членови на неговото семејство загинале во холокаустот, сепак има симпатии за Ахмадинеџад:

„Мислиме дека она што го кажа иранскиот претседател пред неколку месеци, дека Палестина не треба да плати поради страдањата на Евреите во холокаустот, е сосем коректно„.

Од сличен калибар се и другите таканаречени „експерти„. Ниту еден од нив не е докажан историчар. Сето е чисто политички зафат кој Ахмадинеџад го спроведе и против отпорот во сопствената земја. За многумина дипломати од министерството за надворешни работи сето ова е болно. Тие се обиделе да го разубедат Ахмадинеџад со укажување дека конференцијата ќе му наштети на Иран, но претседателот опстоил на тоа.

Тој нашол оправдување во тоа дека со негирањето на холокаустот на меѓународен план ќе прдизвика негодување и така ќе се најде во фокусот. Многу непријатели, многу почит. Тоа е добро за дома и му носи многу поени кај радикалните исламисти кои холокаустот не го сметаат за ништо друго, туку за измислица на Израел за да го отстрани вниманието од сопствените злосторства.

На големото мнозинство Иранци им е сеедно за оваа манифестација. Ним е преку глава од анти-изралеските пароли и имаат други грижи. Знаењата за прогонот на Евреите и убивањето по правило се многу мали. Во училиштата за тоа не се предава, а државната телевизија го спомнува холокаустот само за да изрази сомневање во него. Симпатиите за судбината на Плаестинците се големи, но од тие причини Иранците не се по секоја цена антисемити.

Кога летоска беше организирана изложба на карикатури за холокаустот со сличен тон, се појавија малкумина посетители.