1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конференцијата за климата во Виена без резултати

1 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BaTL

Во австрискиот главен град без значителни резултати заврши петдневната конференција за климата во организација на ОН.Делегатите од 158 земји се согласија само околу прифаќањето на препораката на Светскиот совет за климата за намалување на штетните гасови.Советот утврди дека е нужно намалување на емисијата штетни гасови од индустриските земји меѓу 25 и 40 проценти до 2020 година во однос на состојбата во 1990 година.

ЕУ се залагаше за овој заклучок,а Канада,Јапонија,Швајцарија,Нов Зеланд и Русија беа против.

Конференцијата беше подготовка на самитот за климата што ќе се одржи на Бали во декември,кога се ќе расправа за иднината на Кјото протоколот.