1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Контроверзното градилиште Загреб

Игор Ласиќ / Елизабета Милошевска Фиданоска16 јули 2012

Едни го напаѓаат градоначалникот Милан Бандиќ поради мегаломански зафати во време на криза и неосврнување на поважни јавни потреби. Други пак, ги обвинуваат првите, за политикантство.

https://p.dw.com/p/15YQi
Фотографија: DW

Загреб секое лето станува место на кое наголемо се гради, што за една милионска метропола е секако нормално. Но, оваа година неколку проекти предизвикаа жолчни расправи во јавноста. Најспорна веројатно е реконструкцијата на улицата Хрватска братска заедница, во рамките на која се предвидува изградба на фонтани на единствената урбана ледина која се пружа меѓу коловозите во двете насоки. Негативни реакции предизвика како визуелната преработка на популарната ледина, така и самиот зафат, за кого се вели дека претставува расфрлање пари во време на криза. Единствен резон во сето тоа, велат противниците на градењето, наоѓаат само градежниците на кои загрепскиот градоначалник радо им излегува пресрет низ многубројни проекти, кои неретко добиваат печат на дубиозни.

Расфрлањето со пари на градската управа

За над 40 овогодишни зафати и програми за градба, реконструкција и одржување на сообраќајници и улични објекти, презадолжениот град Загреб ќе издвои околу 200 милиони куни (околу 27 милиони евра). За поголемиот дел од работите кои допрва треба да почнат изведувачите уште и не знаат, додека меѓу проектантите и градителите на веќе започнатите работи има повеќе десетини (кооперантски) имиња. Не изостануваат ниту некои од старите, добро запознати со текот на работите, партнери на Град Загреб и Владата на Република Хрватска, а чии имиња своевремено беа врзувани со некои незаконитости, како претпријатието Тигар и Тех-изградба.

20. Jahrestag des Bosnien-Kriegs
Милан Бандиќ, градоначалник на ЗагребФотографија: DW

Сепак, приговорите на сметка на Бандиќ засега не се однесуваат на изборот на одделните изведувачи на работите, туку пред се‘ на фактот дека одредени сегменти на инфраструктурата, како и други јавни потреби, се третираат како „посвојчиња“ додека градоначалникот и годинава е со намера да оддели 35 милиони куни за доградба на максимирскиот стадион.

Државата во замка

Социологот Саша Пољанец-Бориќ од институтот „Иво Пилар“ е долгогодишен критичар на урбанистичката пракса на загрепскиот градоначалник. Таа вели:

„Без да има обѕир кон Градското собрание Бандиќ покренува исклучително скапи и непотребни јавни работи, додека екстремно се крати на давачките за школство и здравство. Во научната литература проблемот кој е подлога за тоа се нарекува регулаторна замка. Градската управа оперира аномиски, а не ефикасно.“

Kroatien Zagreb Soziologin Sasa Poljanec-Boric
Саша Пољанец-БориќФотографија: Sasa Poljanec-Boric

Според Пољанец-Бориќ, загрепските градски советници се задоволуваат очигледно со бесполезни собраниски дискусии и не преземаат доволно да го запрат самоволието на Бандиќ.

Ваквиот став, меѓутоа, не го делат сите стручњаци. Сњешка Кнежевиќ, историчар на уметност и урбанистика, особено на Загреб, смета дека поголемиот дел од актуелните приговори на сметка на Бандиќ доаѓаат од редовите на политичарите или дури и политикантите кои не успеале да го победат на изборите.

Kroatien Zagreb Kunsthistorikerin Snjeska Knezevic
Сњешка КнежевиќФотографија: Snjeska Knezevic

„На конретното решние можеме да гледаме различно, но не треба да се губи од вид дека уредувањето на површината со фонтани е само дел од големиот, епохален проект на уредување на поширокото подрачје, проект што архитектот Ненад Фабијаниќ го нарече ’Интегриран град’“, вели Кнежевиќ.

Според нејзе, приватните интереси околу големите проекти и онака секогаш се спротивставени. Затоа таа сугерира дека би требало повеќе да се обрати внимание на евидентните крупни пропусти кои остануваат некако во сенка, а се и тоа колку поштетни. Пример: веројатната согласност на Бандиќ со дискутабилната идеја на потпретседателот на владата на Хрватска Радимир Чачиќ околу експлоатацијата на Сава во Загреб.