„Контакт“ премиерно во Германија
9 ноември 2005Реклама
На фестивалот кој ќе трае до 26 ноември ќе бидат прикажани 54 долгометражни играни филмови од 20 земји. – соопштија синоќа оргабнизаторите на Фестивалот во овие два германски градови . Во киносалите во Манхајм и Хајделберг се очекуваат околу 60 илјади гости . Мотот на 54 издание на Фестивалот гласи „Вистина и сништа“ .
Контакт е прво дело на режисерот Сергеј Станојковски , кој инаку живее и работи во Германија . Главните улоги во љубовната поствоена приказна ги толкуваат лабина Митевска и Никола Којо
На фестивалот инаку ќе бидат прикажани и 28 кратки филмови . Освен тоа ќе бидат презентирани и 5 детски филмови , од Германија , Данска , Франција Холандија . На фестивалот се очекува присуство на 50-ина режисери.