1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Консултации за ставот на Македонија по предлогот на Нимиц

Александар Чомовски 23 февруари 2008

Во Македонија продолжуваат консултациите по последлниот пакет на медијаторот Нимиц за решавање на грчко македонскиот спор. Во дебатата се вклучи и експертската јавност и раководствата на политичките партии.

https://p.dw.com/p/DCI1
Од последната лидерска средбаФотографија: MIA

Македонското државно раководство и лидерите на четирите поголеми партии во парламентот одлучија да ги продолжат преговорите за името. Тие секако треба да се водат во склад со макеодснките национални интереси, порача шефот на дипломатијата Антонио Милошоски по синоќешната средба во Скопје.