1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конструктивна средба на државниот врв

Александар Чомовски 9 јули 2008

Средбата на државниот врв на која се разгледувале повеќе сценарија, била една од најконструктивните досега. Позицијата на Македонија се зајакнува и од страна на новиот владин партнер ДУИ.

https://p.dw.com/p/EZ08
Медијаторот на ОН на средба во СкопјеФотографија: Dragan Todorovski

Пред една деценија, Македонија прва стартуваше со реформите во одбраната и стана членка во Партнерство за мир. Подоцна ги исполни сите критериуми за членство во Северно Атланската Алијанса. Грчкото вето сепак ја дистанцира земјата од церемонијата на која Албанија и Хрватска ги потпишуваат протоколите за членство во Алијансата. По почетниот шок властите во Скопје сега се обидуваат да изборат поповолна преговарачка позиција со Грција. Таа се зајакнува и со новата влада и откако шефот на ДУИ како нов партнер во Скопје порача дека неговата партија го поддржува уставното име на Македонија.

До крајот на неделата според најавите треба да има нова рунда преговори во Њујорк, на којашто покрај амбасадорот Никола Димитров и овојпат треба да присуствува шефот на кабинетот на премиерот Мартин Протуѓер.