1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конструктивна конференција

Карстен Кинтоп11 март 2007

Ирачката влада ја оцени како успешна меѓународната конференција за безбедноста во Ирак што се одржа вчера во Багдад.

https://p.dw.com/p/Adsl
Фотографија: picture-alliance/dpa

На конференцијата учествуваа претставници на соседите на Ирак,петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН,на Арапската лига,ОН и на Исламската конференција.

Добар прв чекор,но сега зависи дали во Ирак работите навистина ќе тргнат на подобро,со овие зборови американскиот посебен пратеник во Ирак Залмеи Кализад го резимираше резултатот на конференцијата во Багдад:

„Дискусиите со Иран и со другите во врска со Ирак беа конструктивни и проблемски ориентирани.“

Кализад изјави дека имало разговори со претставниците на Иран,и тоа лице в лице,за разлика од останатите на средбата.Не само американскиот пратеник,туку и домаќинот,ирачкиот шеф на дипломатијата Зебари потенцираше дека во фокусот била ситуацијата во Ирак:

„Во сите теми на кои се дискутираше,суштината беа стабилноста и безбедноста во Ирак.На агендата не беше воведена ниедна друга политичка тема.“

Американската влада јасно даде на знаење дека не гледа никаква причина да не седне на иста маса со Иран и со Сирија во Багдад и да разговара за Ирак,но никој не смее да добие впечаток дека тука почнуваат преговори со овие земји.И Абас Арагџи,заменикот ирански министер за надворешни работи ја нерече средбата конструктивна,потенцирајќи дека немало билатерални разговори со Американците.Ирачкиот премиер Нури ал Малики на конференцијата упати важна порака до соседите:

„Ирак не се меша во туѓи работи и н еподготвува агресии против другите.Истиот став го очекуваме кон нас и од другите.“

На адреса на Саудиска Арабија и на Иран Малики рече дека странските сили своите конфликти треба да вршат некаде на друго место,на Иран и на САД им префрли дека ги поддржуваат шиитските милиции во Ирак,додека Саидиска Арабија им помага на вооружените Сунити.

Се на се,Малики не кажа ништо што досега не било речено,а ништо не укажа на тоа дека тој сака да промени нешто во својит курс.Досега често му се префрлуваше дека не прави доволно за процесот на помирување меѓу различните групи во земјата.Учесниците на конференцијата договориле формирање три комиси кои треба да ја продолжат започнатата работа.За април е планирана средба на министерско ниво,најверојатно во Истанбул.