1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конечно надвор од Хомс

ЕМФ/ард7 февруари 2014

Почна евакуацијата од градот Хомс, јави сириската државна телевизија. Гувернерот постигнал согласност со локалниот координатор на ОН дека градот смеат да го напуштат стотици цивили.

https://p.dw.com/p/1B4iG
Фотографија: Reuters

Гувернерот на регионот кому му припаѓа Хомс, Талал Бараси, за сириската државна телевизија изјави дека се преземени сите неопходни безбедносни мерки и дека првите 20 жители на градот треба да бидат изнесени од квартовите кои се под окупација на бунтовниците. Бараси соопшти дека изутрината (07.02) делегација на провинциската влада, на ОН и на Црвениот крст влегла во стариот дел на градот за да изврши подготовки за евакуација.

Гувернерот постигнал согласност со локалниот координатор на ОН дека градот смеат да го напуштат стотици цивили. Тоа важи за децата, жените и постарите мажи. Од евакуација се исклучени мажите на возраст од 15 до 55 години, поради тоа што може да станува збор за борци, нагласува гувернерот.

Syrien Homs Bevölkerung 30.01.2014
Жителите на Хомс гладуваат, тврдат активистиФотографија: Reuters

Освен тоа, опколените жители на Хомс итно треба да добијат храна и други неопходни намирници. Високиот комесаријат за бегалци УНХЦР има подготвено камиони за, според договорот, во текот на утрешниот ден (8.02) да транспортира намирници во погодените делови на градот.

Договорот за хуманитарна помош беше постигнат пред неколку дена во преговорите меѓу претставници на ОН и на сириската влада. Русија соопшти дека за периодот на евакуација ќе биде прогласен тридневен прекин на огнот. Во стариот дел на Хомс околу 1,5 година под опсада се околу 3000 луѓе, кои, како што трвдат активистите, веќе гладуваат.