1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конечен биланс од земјотресот и цунамито на Соломонските острови

16 април 2007
https://p.dw.com/p/AgDK

Во земјотресот и цунамите што во почетокот на април ги погодија Соломонските остроби животот го загубиле 52 лица а илјадници останале без покрив над главата – гласи конечниот биланс што го соопштија властите на оваа држава . Најголем број жртви имало на островот Гизо кој е оддалечен само 45 километри местото на епицентарот на земјотресот кој имаше интензитет од 8,1 степен според Рихтеровата скала.