Владата прогласи победа над терористите
30 декември 2013Според медиумите, вооружени лица ги нападнале аеродромот и државната телевизија во главниот град Киншаса и ги ставиле под своја контрола. Владата на кризната земја за радиото Окапи меѓутоа изјави дека во меѓувреме таа ја презела контролата. Во престрелките со војниците се убиени многу од напаѓачите.
„Шеснаесет од нив се убиени на аеродромот, осуммина во националната радио- телевизија и 16 во Генералштабот“, изјави владиниот портпарол Ламберт Менде. Тој во телевизиска изјава истакна дека се работи за терористи, но дека владата по неколку часа ја има повторно целосната контрола. Медиумите јавуваат и дека бунтовниците се обиделе да нападнат и воени бази. Менде тврди - се работи за слабо вооружени напаѓачи, кои за цел имаат само предизвикување паника.
Нема жртви меѓу силите за безбедност. Според очевидци, во градот владее страв и полицијата и армијата се распоредени околу зградата на телевизијата и парламентот.