1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Комисијата на ЕУ со предлог закон за квоти за жените

АТ/ афп/ дпа/ епд/ ртр14 ноември 2012

Комисијата на ЕУ го приложи преработенито предлог за воведување на квота за жени во надзорните одбори. Некои од точките се ублажени, но основниот тон останува.

https://p.dw.com/p/16j0N
Фотографија: dapd

Ублажен е предлогот на комесарката за правда Вивиен Рединг во однос на тоа колку квотите се обврзувачки. Брисел сега има намера во прва линија да пропише фер изборни процеси. На тој начин до 2020 година учеството на жените во надзорните одбори треба да се зголеми на 40 проценти. Комесарката Рединг имено на крајот на минатиот месец не успеа да го протурка предлогот за воведување на стриктни квоти.

Предлогот се однесува на претпријатијата со повеќе од 250 вработени. Од нив ќе се бара уделот на „послабо застапениот пол“ - по правило жени - да има предност при доделувањата на новите места, додека да не биде постигната квота од 40 проценти.

Рединг првично планираше парични казни или укинување на државните субвенции, доколку не бидат постигнати квотите. Но, и овој предлог мораше да биде ублажен. Имено правниот оддел на Комисијата, според наводи на диполомати, дошол до заклучок дека Брисел неможе да утврдува такви казни за претпријатијата.

Сега се вели дека им се препушта на земјите членки да утврдат санкции, во случај да не бидат исполнети барањата. Тие треба да бидат активирани од 2016 година, доколку процесот на избор не е праведен и од 2020 година не бидат постигнати квотите.

Според Комисијата на ЕУ во моментов ширум Европа само 13,5 проценти од членовите во надзорните одбори се жени. Во Германија уделот на жените во надзорнтие тела изнесува 15,6 проценти, додека во управните одбори само 4,2 проценти. Земјите членки на ЕУ, според предлог законот, ќе треба годишно да поднесуваат извештај за актуелните бројки, по што Комисијата ќе изготви извештај.

Причина за оптимизам

За преработениот предлог, според информации на дипломати во ЕУ, сега има мнозинство во Комисијата. Голем отпор доаѓа од државите, кои треба да дадат согласност како и Европскиот парламент. Пред се’ Велика Британија е против воведување на ваква квота.

Во Европскиот парламент, напротив пратениците се позитивно настроени. Во рамктие на парламентот предлог-законот за квота за жените има поддршка, изјави пратеникот од СПД Керстин Вестфал. Исто така и дел од либералите, како и водечките конзервативци, ги поддржуваат предлозите на Рединг.