Колку демократија има во Парламентот?
15 септември 2008Реклама
Парламентот денеска ги отвора вратите за граѓаните кои сакаат да се запознаат со неговата внатрешност.
Ова е во рамките на 15 септември, Меѓународниот ден на демократијата, кого го прогласи Генералното собрание на Обединетите Нации минатата година.
Експертите во Македонија пак имаат многу забелешки на работата на Собранието. Тоа ниту е политички контролор на владата, ниту пак експресното носење на законите е знак за демократското соочување меѓу власта и опозицијата, сметаат повеќе научни и политички работници.