1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колбо: ни требаат јунаци за иднината, а не од минатото

22 мај 2009

Разговорите и патувањето во Македонија беа потребни и се успешни! Вака ги оквалификува разговорите во Скопје социјалдемократот Валтер Колбо, кој најави и германска иницијатива во решавањето на спорот со името!

https://p.dw.com/p/Hv9B
Валтер КолбоФотографија: picture-alliance/ dpa

"Сакаме од германскиот парламент да се обидеме да повлијаеме врз колегите од грчкиот парламент. И тоа колегите од Унијата да контактираат со конзервативните парламентарци, а ние социјалдемократите со ПАСОК и да се обидеме повторно да го раздвижиме прашањето околу името. Премиерот од негова страна најави нова иницијатива на Македонија. Затоа е добро по изборите за Европскиот парламент на 7 јуни да дојде до раздвижување. Од наша, германска страна, сакаме да дадеме свој придонес, зашто уште од 2004 во Бундестагот има иницијатива за поддршка на ова прашање, изјави Валтер Колбо.

Иако и Германија е пред парламентарни избори, Колбо е сепак оптимист дека работите успешно ќе се одвиваат. Дотолку повеќе, што постои и поддршка и од либералите и Зелените.

Контрапродуктивни акции

Валтер Колбо вели дека на средбите во Скопје е пренесен и германскиот став дека не носат напредок иницијативи за изградба на големата статуа на Алексдандар Велики на централниот плоштад во Скопје, ниту пак преименувањето на аеродромот, при што дополни:

"

Според нас, не помага да се инсистита на постоењето на 2000- годишната историја на Македонија за да се јакне денешниот македонски идентитет. Ние на ова гледаме поинаку од владата. Поточно, редицата акции од ваков карактер не само што не помагаат, туку напротив, дотураат масло во оганот. Нам ни требаат јунаци за иднината, за мирот и напредок во Европската Унија, а не јунаци од минатото.“

Скора визна либерализација

Инаку, посетата на Колбо се поклопи токму и со бурата написи во македонските медиуми околу идната либерализација на визниот режим и наводната воздржаност од страна на Германија. Колбо е категоричен дека според извештајот за постигнатото, Македонија е на најдобар пат да добие визна либерализација. Земјата доби најдобри оценки и не е интенција Македонија да се става во ист кош со оние кои не постигнале добри резултати

"

Франк Валтер Штајманер е за адекватни оценки и визна либерализација не само поради полититички причини“ - појасни Колбо, оптимистички прогнозирајќи:

"

Јас сметам дека визната либеарлизација ќе напредува и дека до крајот на 2009 за Македонија ќе биде донесена позитивна одлука.“

Автор: Силвера Падори

Редактор: Жана Ацеска