Кои се фаворитите на Еуро 2012?
11 јуни 2012Дали на крајот ќе триумфира аутсајдер или фаворит? Шпанија е навистина „жежок“ кандидат. Тимот на тренерот Винсенте дел Боске може да постигне историски успех, по ЕП пред четири и Светското пред две години, да го освои последователно третиот голем турнир.
„Ние сме светски прваци и носиме големо бреме, но мислам дека немаме обврска задолжително да ја освоиме титулата“, вели Винсенте дел Боске.
Јака страна на шпанската екипа е нивната игра на комбинации. Печат и‘ даваат играчите од средниот ред како Чави и Ињеста. Шпанија има проблеми со одбраната, не само поради отсуството на искусниот Пауол.
Холанѓаните играт во иста група со Германија. Вице-светскиот првак спаѓа во фаворитите на ова првенство, има топ-напад, со Робин ван Парси на истурена позиција. Асот од средниот ред Весли Снајдер е задолжен за перфектни додавања.
Германија во 2010-та година на Светското првенство беше трета, сега пак би сакала титула. Последен пат ја освои на ЕП во 1996-та. Двоен стрелец во финалето тогаш -сегашниот менаџер на тимот, Оливер Биерхоф. Младата екипа на турнирот настапува со верба и самодоверба.