1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Козачов-Русија нема да дозволи формирање независна држава на територијата на Косово

21 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BWQ0

Русија нема да дозволи создавање независна држава на територијата на Косово , бидејќи тоа е во спротивност на меѓународното право-изјави Констанстин Козачов претседател на комисијата за меѓународни односи во руската Дума . Тој како што рече уште помалку верува дека е возможно создавање на држава на НАТО на Косово . Во неколку наврати последниве денови , претставници на Демократската Партија на Србија на премиерот Воислав Коштуница им порачуваа на САД да се откажат од намерата за формирање држава на НАТО во Косово. Српските медиуми јавуваат дека претседателот Борис Тадиќ ја критикувал ваквиот настап на Демократската партија на Србија кон НАТО.