1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кодекс за фер избори

Александар Чомовски13 јуни 2006

Лидерите на 36 политички партии во Македонија потпишаа Кодекс за однесување за слободни и фер парламентрани избори

https://p.dw.com/p/AddZ
Фотографија: aptn

Изборните измами би претставувале предавство на државата.Оваа остра и недвосмислена изјава во интервју за денешен „Дневник“ ја даде американската амбасадорка во Скопје.Џилиен Миловановиќ денеска не беше со партиските лидери во Македонија кои јавно го потпишаа Кодексот за изборите,чиј слоган е –мора да биде фер.

Еден крај друг седеа Бучковски и Груевски,Петковски и Јаневска.И додека 36-те лидери го ставаа потписот,амбасадорите на ОБСЕ,Австрија,Британија,ЕУ,беа сведоци на партиската согласност во кодексот со кој се осудува секакво насилство измами пред и по изборите,семејното гласање.Не е првпат да се потпишува Кодекс за фер избори.Дали ќе се успее во овој обид на Американскиот демократски институт,на македонските невладини организации Мост и Женското лоби.Немаме избор,гласањето,резултатите и кампањата мора да бидат фер,изјави Крис Хеншоу,кој е еден од организаторите на денешното потпишување на Кодексот.

-Волјата на партиските лидери да дојдат и да го потпишат Кодексот и дека ќе се придржуваат кон фер и демократски избори е добар сигнал,рече Хеншоу од Националниот демократски институт.

Меѓу лидерите го немаше лидерот на ДУИ,но партијата стави потпис на документот,на тоа реагираше лидерот на ДПА Арбен Џафери:

-Јас сум тука зашто ги почитувам добрите намери за фер и чесни избори,рече Џафери.Главните ривали ги избегнаа новинарите.Груевски задоцни,Бучковски побрза за да биде домаќин на турскиот премиер.Интензитетот на државничките посети продолжува. Пред денешниот премиерски дијалог меѓу Бучковски и Реџеп Таип Ердоган,коментар од првиот Либерал Стојан Андов:

-Во изборната кампања партиите можат да имаат посети од странство,но треба да престанат оценките на државни функционери како гости на влада.

За два дена во Македонија почнува официјално изборната кампања,идната недела пристигнуваат уште педесетина експерти на ОБСЕ како набљудувачи,а веќе се акредитирани и домашните 2700,што се во организација на невладината организација Мост.