1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кога ќе се бира нов претседател во Либан?

Петер Филип 25 септември 2007

Либанскиот парламент денеска требаше да гласа за нов претседател на државата. Но владата и опозицијата се раскарани, затоа не се очекува решение.

https://p.dw.com/p/BjBD
Емил Лахуд со сирискиот претседател Башар АсадФотографија: AP

Кога требаше да истече мандатот на либанскиот претседател Емил Лахуд есента 2004 година, Сирија ги покажа мускулите и изнуди промена на уставот во либанскиот парламент, по што мандатот му беше продолжен за три години. Сега истекуваат тие три години и ситуацијата е целосно променета. Пред се’: Сириските трупи не се веќе присутни во Либан и затоа неможе да ја третира оваа држава како дел од своја територија – онака како што Сирија и денес гледа на Либан.

Во трите години се сменија и во Либан некои работи: По убиството на критичарот на Сирија, поранешниот премиер Рафик Харири на почетокот на 2005 година, коалицијата од прозападно ориенитрани христијани, Суните и Друзите со премиерот Фуад Сињора се обидува да го извлече Либан од блиско источните проблеми, поради кои премногу и долго страдаше: од Израелското мешање од југ па се до отворена војна, од сириско иранското мешање на исток до внатрешните недоразбирања од секаков вид, згора на тоа христијанскиот табор денеска не настапува обединето како во минатото.

Анти сирискиот табор го губи мнозинството

Коалицијата позади премиерот Сињора располага со тесно мнозинство од128те мандати. Бидејќи шиитскиот Хезболах и христијанските приврзаници на поранешниот генерал Мишел Аон веќе една година се обуваат да ја турнат владата која во нивните очи е прозападната, со тоа се мисли анти сириска. Досега без успех. Но еден друг фактор ја поткопува позицијата на премиерот Сињора: Нивното мнозинство опаѓа бидејќи постојано се убиваат членови на нивниот политички табор. Последен пат пред неколку денови.

Либансаката влада за овие убиства ја префрла одговорноста во Дамаск, кој од своја стрна негира. Но во меѓувреме и човекот на Сирија во претседателскиот кабинет, самиот Емил Лахуд стана недоверлив: Секој пат кога треба да се постигне напредок во Бејрут, се случуваат вакви убиства и се стопира процесот на нормализација.

Лахуд не смета дека Сирија е одговорна, но знае дека ситуацијата полека се заострува и дека тоа во секој случај е од интерес на Дамаск. На 24 ноември завршува мандатот на Лахуд и до тогаш мора да се најде негов наследник. Првично се планираше да се гласа денеска на 25 септември, но од тоа најверојатно ништо нема да биде: владата и опозицијата се во кавга и јасно е дека потребното дво – третинско мнозинство неможе да се постигне. Наместо ова се бара кандидат, за кој ќе се сложат и двете страни. Нов претседател најверојатно ќе се бира дури за неколку недели.