1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кога факултетот станува тегоба

Ана Грабовски 26 ноември 2008

Голем број млади го прекинуваат образованието и почнуваат со работа. За да се спречи овој тренд германската влада ќе преземе соодветни мерки. Но зошто младите не ги завршуваат студиите? Причините се многустрани.

https://p.dw.com/p/G1ae
Студенти на факултетот во АхенФотографија: picture-alliance/dpa

Квотата на студентите во Германија, што го прекинуваат своето образование, во меѓународни рамки и не е така висока. Околу 21 насто од студентите што се запишуваат на факултет не ги завршуваат студиите.

Во Германија особено се засегнати факултетите по природни и технички науки, каде речиси 40 проценти од студентите ги прекинуваат студиите. Поради постојан недостаток на стручни кадри загрижувачка е состојбата и во областа на политиката и економијата. Затоа Сојзуната германска влада прави напори да инвестира повеќе средства во образованието. Целта е до 2015. да се намали квотата на оние што ги прекинуваат студиите од 21 на 10 проценти.

Зошто младите го прекинуваат образованието?

Причините се различни. Некогаш во прашање се парите, за многумина е превисока неодамна воведената партиципација за студирање. Некои сметаат дека предавањата се пренатрупани со наставни содржини. Причина може да биде и погрешната претстава што младите ја имаат за студиската насока што ја одбрале.

Deutschland Bildung Studiengebühren Studenten in Frankfurt
Учење под отворено небоФотографија: AP

Една од оние кои го прекинаа своето образование е 27 годишната Штефани, која 10 семестри студираше педагогија. Таа уште од самиот почеток знаеше дека педагогијата не е професија од нејзините соништа. Повеќе сакаше да се запише на виша школа за стручно образование, но не ја примија.

Ниту Солвег не ги заврши студиите. Таа има 24 години. По матурата студираше три семестри право, но потоа се одлучи да стане медицинска сестра.

Совлег почна да студира право, оти сакаше подобро да го разбере правниот систем во Германија. Цел и беше преку својата работа да може да им помага на луѓето. Но, уште првата недела на факултет и стана јасно дека преполните предавални и безличноста на студиска насока не е за неа: „Правев се', беше многу возбудливо, и се’ уште сметам дека е возбудливо. Одев на предавања, се запишував насекаде, ги земав сите потписи и потврди, но по еден семестар ми стана јасно дека нема да го спасам светот, или дека дури и да го разберам системот и да можам да чинам добро, ќе бидам смртно несреќна, ако тоа морам да го правам 40 години“.

Кои се проблемите со кои се соочуваат студентите?

Во првиот семестар, Штефани мораше да се справи со сосем други проблеми:„Имав потешкотии со собирањето потврди уште од самиот почеток, за разлика од другите со кои заедно почнавме да студираме. Мене ми требаше повеќе време, иако работев повеќе од моите колеги. Потоа немав време за семинарските работи. Секогаш кога имав можност да полагам ми беше многу полесно, оти тогаш имав точно одреден термин“.

Уште за време на студиите Штефани почна да работи во Младински центар. Таму остана до денеска. Преку работата со младите таа го пронајде она што и недостатуваше на факултет: пракса, работа со луѓе. Студиите ги продолжи без волја.

Во меѓувреме Солвег стана толку несреќна додека ги посетуваше предавањата на правниот факултет, што престана да оди. За време на распустот таа се гришеже и ја негуваше нејзината болна баба. Потоа забележа дека грижата за другите и причинува вистинско задоволство.

Дали решението е вистинско?

Studenten beim Studium
Студирање во ГерманијаФотографија: dpa+

Откако апсоливраше пракса во една болница, Солвег реши: ги прекина студиите по право и почна да се образува за медицинска сестра: „Не зажалив поради тоа. Не ми е ни жал што воопшто почнав да студирам, и што ги прекинав студиите. Знам дека сум пробала да се образувам во различни професии. Сега сум посигурна во она што го правам. Да почнев да ја изучувам оваа професија веднаш по матурата, потсвесно секогаш ќе си мислев дека ќе беше подобро, ако почнев да студирам“.

Штефани ги прекина студиите по педагогија по десет семестри. Како ќе се развива на професионален план, се’ уште не знае. Во моменов е среќна поради одлуката: „Откако одлучив да прекинам со студиите, ни во еден момент немав чувство дека правам нешто погрешно, мислам дека тоа е вистинското решение. Ме зачуди колку лесно ја прифатив одлуката. Се прашував зошто воопшто студирав?“